Како да препознаете лажни вести во медиумите и да го заштитите својот уред
Во светот на медиуми и на друштвените мрежи сèпочесто се среќаваме со разни дезинформации и лажни вести. Современите информациски и комуникациски технологии само го олеснија и забрзаа споделувањето на такви информации, па и последиците се далекусежни, а поради истото Светската здравствена организација појавата на масовното ширење лажни вести го наречеинфодемија. Имено, не постои универзален начин за препознавање на лажни вести, но ние ви носиме неколку совети како да ги препознаете и на кој начин да го заштитите својот паметен телефон.
1.Проверете го изворот
Пред сѐ, погледнете ја веб адресата на која е објавена веста. Ако никогаш не сте слушнале за таа страна, потрудете се да најдете повеќе информации за неа (контакт телефон/мејл или име на новинарот/уредникот). Во случај да не успеете да најдете ништо од наведеното, веројатно не треба да верувате на информациите кои што ги објавуваат.
2.Проверете го авторот
Обидете се да најдете некои информации за авторот на текстот ако е наведено името и видете какви вести има објавувано претходно. Во случај да не најдете никакви информации за авторот кој е наведен, возможно е да се работи за лажна вест.
3.Проверете ги луѓето кои се спомнати во текстот
Сигурно сите многу пати сте прочитале вест во која се спомнува некој познат светски научник или доктор, кој дава свое мислење и совети на читателите за одредени ситуации. Може да се случи личноста која што се спомнува во текстот да не ви е позната и никогаш да не сте слушнале за неа. Во тој случај, пробајте да најдете повеќе информации за неа. Ако е во прашање навистина стручно лице, без проблем ќе ја најдете неговата/нејзината биографија. Исто така, ако не успеете да најдете информации за личноста, важно е дополнително да ја проверите веродостојноста.
4.Проверете ја содржината
Посветете внимание на информациите што се наоѓаат во текстот. Ако има наведено одредени проценти, студии, броеви или анализи, обидете се да ги пронајдете на официјалните веб страници на истражувањата.
5.Не им верувајте на насловите
Многу пати на социјалните мрежи ќе видиме вест со бомбастичен наслов, што едноставно нѐ привлекол да кликнеме на истиот и да го видиме остатокот од текстот. Меѓутоа, кога сме го отвориле, сме се увериле дека текстот е сосема спротивен или нема никаква поврзаност со насловот. Ова е еден од најчестите примери на пласирање на лажни вести, затоа што на одредениот медиум единствената цел е да се постигнат што е можно повеќе кликови и прегледи. Затоа, не верувајте никогаш само на насловот и задолжително прочитајте го остатокот од текстот за да не дојдете до погрешен заклучок. Освен тоа, немојте да ги споделувате вестите на социјалните мрежи доколку не сте го прочитале целосниот текст затоа што со тоа само помагате во ширењето на лажни вести кои што на тој начин само доаѓаат до поголем број на читатели и прегледи.
Исто така, медиумите неодамна предупредија на ширење на мејлови од злонамерни софтвери, во кои што ви пристигнуваат додатоци и прилози со цел да се преземат злонамерните програми, а се однесуваат на моменталната ситуација,
Со тоа, од особена важност е да го заштитите својот телефон со сигурно софтверско решение, како што е Samsung Knox – платформа која пружа заштита на повеќе нивоа. Платформата Samsung Knox е вградена во паметните телефони, таблетите и преносните уреди на Samsung. Се состои од комбинација на одбранбени и сигурносни механизми, кои што штитат од провали, злонамерни софтвери и останати злонамерни закани. Од моментот откако ќе биде вклучен уредот, Knox е во постојана служба да го заштити неговиот идентитет, како и личните и професионални информации, кои се чуваат на него. Истиот овозможува двострана заштита – од самиот склоп на чиповите во уредот, па сѐ до инсталираните програми и оперативниот систем.
Бидете внимателни и заштитете го навреме вашиот уред, за сурфањето, работењето на секојдневните задачи, играњето игри и сè останато кое го правите секојдневно на вашиот уред, биде безгрижно и полесно.