Како да станете лидер: Бесплатна обука за млади организираат Кроација осигурување живот и Мотива
Кроација осигурување живот А.Д. Скопје, како општествено одговорна компанија ги поканува сите млади од земјава без оглед дали се вработени, студенти и невработени да учествуваат под нејзино покровителство во бесплатната тридневна обука. Станува збор за on-line (преку Zoom) обука за вештините, алатките, знаењето и начинот на размислување кои треба да ги поседува индивидуата за да ги води другите - Лидерски вештини за млади - Aspiring Leadership. Обуката ја извршува Мотива Центарот за образование и обука, а ќе трае на 28, 29 и 30 Септември 2020 година од 18:00 до 20:30 часот.
Со оваа обука практично младите ќе стекнат знаења за тоа како да напредуваат во кариерата и да дојдат до работното место што го посакуваат. Ќе бидат опфатени теми за тоа како да се направи позитивно влијание врз другите, но и како да се градат ангажирани продуктивни тимови.
„Обуката е исполнета со активно искуство за учење, вмрежување, менаџмент игри, гости спикери, панели, работа во помали тимови, забава и награди. Секој учесник бесплатно добива сертификат за завршена обука, соопштуваат од Кроација осигурување живот А.Д. Скопје.
За пријавување на обуката може да се јавите или да напишете порака со ваш телефон да ве контактираат претставниците на Мотива на телефоните 070 358 680 и 02 306 1114.
Повеќе на линкот:bit.ly/33RccKp