Како да станете милионер пред да ве совладаат годините?
Не знаеме дали овие совети може да доведат до заработка, но ништо не ве чини да ги прочитате.
Фокусирајте се на заработката
Грант Кардоне од целосна немаштија и долгови успеал до триесеттите да стане милионер.
„Во време на рецесија и економски пад не е лесно да се заштеди, а ни да се заработат пари. Би требало да се информирате што повеќе, да прифатите некоја дополнителна работа или да покренете ваша сопствена бидејќи на овој начин може да профитирате“, вели Кардоне .
Ако сакате да заработите мора да имате неколку извори на пари
Авторот Томас Ц. Корли пет години ги проучувал милионерите кои се заработиле сами.
Во 65% од случаите имале три извори на заработка, во 45% четири, а во 29% пет и повеќе. Овие дополнителни извори вклучуваат и изнајмување на недвижнини, вложувања, акции, удели во сопственишта и бизнис од страна.
„Би требало да се осигурате на што повеќе страни како вашата финансиска состојба би била стабилна“, напишал Корли во својот истражувачки труд.
Штедете за да вложите
„Ставете ја вашата заштеда на заштитена сметка. Немојте да ги користите дури ни во итни состојби. Тогаш само треба тие пари да ги вложите, а тоа не е толку комплицирано-вели Корли.
Бидете одлучни
„Обидете се да се придржувате до своите одлуки“, рекол Туцкер Хјугс кој станал милионер на 22 години.
„Сочувајте ја својата ментална сила за важни одлуки. Лесните одлуки направете ги брзо и агресивно. Јас знам што да облечам за работа и што ќе доручкувам во следните две недели“, вели овој млад милионер.
Бидете познати по успехот, а не по скапите работи
„Не сакав да купам луксузен часовник или автомобил се додека мојата работа не тргна. Бидете познати по вашиот бизнис успех и етика, а не по работите кои ги купувате“, вели Грант Кардон.
Вложувајте во себе
„Најдоброто вложување кое некогаш го направив е вложување во себе и во сопствената иднина“, тврди Хјугс.
„Читајте барем 30 минути дневно, гледајте вести, слушајте радио додека возите, послушајте ги советите на менторот и идолот. Не можете да брилирате само во едно тесно подрачје бидејќи тоа вас нема далеку да ве однесе. Многу успешни луѓе се многу начитани“, додава тој.
Поставете си себе си високи цели
„Не правете ја истата грешка која и јас ја направив-не целев доволно високо. Ве охрабрувам себе си да си поставите многу високи цели-вели Кардоне.