Како гулабот писмоносец го знае патот до дома?
Дали знаевте дека една од најголемите светски агенции за медиуми денес, Ројтерс, користела гулаби за да испраќа податоци од берзата меѓу Ахен и Брисел?
Меѓутоа, писмоносците биле користени уште во Персија, каде првично се развива вештината за обука на птици. Гулабите беа особено погодни за испраќање пораки и мали, лесни работи, затоа што можеа да се вратат дома од далечна, непозната локација.
По Персијците, гулабите биле користени и од Римјаните - Цезар ги информирал за неговите победи преку нив, а Грците испраќале гулаби во разни градови со пораки во кои се наведуваат имињата на новите победници на Олимписките игри.
Иако е „симбол на мирот“, во 19 век во многу земји гулабот се користеше за воени цели. Проблемот се појави кога другите армии почнаа да им испраќаат свои- бувови.
На почетокот на 20 век, воздушното фотографирање дури беше патентирано со употреба на гулаби, наместо, на пример, денешни дронови.
Бидејќи употребата на телеграфите станува се попопуларна, така и поштенските услуги, големите корисници на „услуги на гулаби“ полека ги повлекуваа птиците од употреба.
Но, дури и денес, некои сметаат дека гулабите се премногу брзи и сигурни за да престанат да ги користат.
Бројни американски медиуми забележаа пред неколку години како атракција дека вешт сопственик на туристичкиот центар Rocky Mountain Adventures во близина на Денвер сè уште користи гулаби за вистински инвентивни цели.
Кога неговите клиенти, туристи, одат во пустината каде ја фотографираат природата и сè што им сака душата, кога ќе завршат, тие ја вадат мемориската картичка од камерата и ја ставаат во мала торбичка.
Торбичкатасе става на задниот дел на гулабот што туристите го носат со себе цело време за време на прошетката, а потоа ја пуштаат птицата слободно да одлета. До моментот кога ќе се вратат во туристичкиот центар, развиените фотографии и нивната мемориска картичка веќе ги чекааат на маса.
Како овие птици знаат да се вратат дома?
Се чини дека тие главно се потпираат на набљудување на теренот и на магнетно поле на Земјата.
Имено, научниците објаснуваат дека употребата на магнетното поле на Земјата за навигација на птици било потврдена со експеримент со вештачко магнетно поле и следење на мозочната активност на гулабите.
И иако тие знаат дека постои јасна врска благодарение на која писмоносците гулаби имаат некаков „уред за внатрешна навигација“, научниците сè уште не можат да објаснат точно каде е тој „внатрешен магнет“ со кој гулабите го детектираат магнетното поле.