Како најдобро да го заштитите вашиот бизнис?

Успешните бизниси не ги препуштаат работите на случајност, туку добро ги планираат и навреме се заштитуваат од претпоставените ризици. Мал или голем, осигураниот бизнис е избор на вештите претприемачи кои мудро ја планираат својата деловна иднина.

Еден од најдобрите начини за да се заштити бизнисот е секако полисата за индустриско и бизнис осигурување која можете да ја обезбедите во СН Осигурителен брокер АД Битола.

„Нашите брокери Ви стојат на располагање за бесплатна консултација при изборот на соодветен осигурителен пакет.Во СН Осигурителен брокер обезбедете го најдобриот пакет за осигурување на вашиот бизнис, за работата да биде задоволство, а не грижа. Изберете осигурување по мерка на вашиот бизнис.“- порачуваат од компанијата.

Индустриското / бизнис осигурување обезбедува ефикасна заштита покривајќи повеќе ризици и тоа:

Пожар и други опасности

Полисата за осигурување од пожар и други опасности го штити Вашиот имот од ризици. Тие секојдневно му се закануваат на Вашиот долгогодишен труд и вложувања. Со оваа полиса се покриени ризиците како: пожар, експлозија, удар од гром, излевање, град, удар од возило или подвижна машина и други ризици.

Прекин на работа

Постојат ризици кои можат да доведат до прекин во работниот процес. Со тоа, можат да се нанесат последици по однос на деловните позиции на компанијата и да се доведе во прашање финансиското работење.

Објекти во монтажа

Процесот на изведување монтажни работи носи ризик за конструкциите, машините, опремата, инсталациите и сите останати елементи неопходни во тој процес. Во случај на несакана последица, осигурувањето обезбедува финансиска заштита.

Објекти во градба

Осигурувањето на објекти во градба нуди квалитетна заштита на изведувачот на објектот од најширок спектар на ризици. Имено, истите можат да ја загрозат изградбата и да резултираат со големи финансиски трошоци. Предмет на ова осигурување можат да бидат објектите кои се новоградба, како и оние кои се реконструираат.

Кршење стакло

Со пакетот за осигурување на стакло од кршење покриени се штети од осигурените ризици кои можат да настанат на најразлични видови предмети од стакло, светлосни натписи и реклами, но и мермерни плочи од вештачки камен, пултови, санитарија, културни, историски и надгробни споменици.

Провална кражба и разбојништво

Со ова осигурување се покриени штети од однесување, уништување или оштетување на осигурените ствари, како и штети предизвикани со оштетување на градежни делови на простории, инсталации и опрема во кои се наоѓаат осигурените ствари при извршување или обид на провална кражба, односно разбојништво.

Кршење машини

Динамичното опкружување не остава простор за прекинување на работниот процес, до кое може да дојде под влијание на многу фактори, со што ќе бидете изложени на големи трошоци, а финансиско работење може да биде загрозено.Осигурувањето на машини од кршење е најдобриот начин да го спречите тоа.

Компјутери

Со ова осигурување можат да бидат осигурени сите електронски сметачи, печатари, процесни сметачи и слични електронски уреди што се сопственост на осигуреникот. Овие електрични уреди можат да бидат осигурени од кршење, провална кражба и разбојништво и пожар.

Подетални информации можат да се добијат на веб страната www.snbroker.mkили на телефонскиот број 15 770, како и во подружниците на СН Осигурителен брокер АД Битола.

ПР објава