Како сретствата за плакнење на устата влијаат на коронавирусот?
Група научници од британскиот универзитет во Кардиф, по студијата за улогата на плунковните жлезди и лимфните јазли во репликацијата на Ковид-19, ги повикаа колегите да испитаат што е можно поскоро дали флуоридите за уста може да го намалат пренесувањето на коронавирусот во раните фази на инфекција.
Во експериментите и ограничените клинички студии, се покажало дека индивидуалните агенси содржат познати вируцидни соединенија кои ефикасно ги таргетираат липидите кај слични „обложени“ вируси. Коронавирусите припаѓаат на таканареченото семејство- завиткани вируси, што значи дека се обложени со масен слој, познат како двослоен липид, пишува Independent.
Но, иако британските експерти бараат итно истражување за да ја тестираат ефективноста на водите со флуорид, во моментов не постојат веродостојни клинички докази што укажуваат на нивната ефикасност. Тие велат дека сè уште не е познато дали постојните агенти можат активно да дејствуваат против липидната мембрана САРС-Ков-2.
Во февруари, Светската здравствена организација (СЗО) одговори на тврдењата дека испирање на усната шуплина со раствор на флуорид може да нè заштити од инфекција со коронавирус „нема такви докази“.
„Некои брендови кои произведуваат течност за испирање на усната шуплина успеваат да елиминираат одредени микроби од плунка за неколку минути, но тоа не значи дека ќе ве заштити од инфекција на Ковид-19“, велат од СЗО.
Зошто научниците тврдат дека плакнењето на усната шуплина може да биде ефикасно?
Истражувачите од Универзитетот во Кардиф, заедно со колегите од универзитетите во Нотингем, Колорадо, Отава, Барселона и Институтот Бабрам во Кембриџ, откриле дека испирањето на усната шуплина сепак успеало да ја оштети коронавирусната липидна мембрана и со тоа веројатно ќе се намали стапката на инфекција.
Професорот Валери О Доналер од Кардиф, главниот автор на студијата, рече дека лабораториските експерименти во ограничени клинички студии покажале дека некои сретства за миење на усната шуплина содржат доволно познати вируцидни соединенија за ефикасно таргетирање на липидите кај слични завиткани вируси.