Каков Роналдо и Бекам, кога ги имаме токму нив: Македонските фудбалери, стилски одлични

Скоро секогаш, многу го цениме сето она туѓо што се пласира од Запад, а нашето од Југ (сега Север) најчесто го плукаме. Плукачка нација сме. Многу фактори, влијанија, политики, сиромаштија влијаеле на тоа…

Високо профилираните личности овде се свесни дека ценењето на своето, какво и да е, во која форма и да доаѓа, а при тоа да е прилично добро, треба да му се даде повеќе на значење.

И ова важи во сите сегменти на нашето општество. На она што е лошо да се укаже, а не да се унакази. Модата и стилот како дел од нашето живеење се до некаде одраз на сето погоре наведено.

Едно е да плукаме како лами за еден стил без јасно дефинирани ставови, а друго е да дадеме соодветна критика врз база на знаење, со јасно дефинирани ставови. 

Некои овде имаат капацитет да бидат со стилот искачени на самиот врв. Дали одредени нешта презеле од стиловите на познатите светски ѕвезди сосема е небитно ако сето тоа го усогладиле умешно и добро им стои. Некој некогаш мора да се учи од некого, а после да си создаде свој моден поглед, и автентичност и посебност, па уште ако тоа резултира со допадливост во очите на другите… 

Сега веќе може да се каже дека сме фудбалска нација, а неколку фудбалери имаат исто така и успешен стил на облекување. Тука стилот на Бекам и Роналдо играл голема улога, ама тие се едни од најдобро облечените мажи на планетата. 

Овие тројца наши фудбалери се познати во стилилот, секој на свој начин.

Александар Трајковски

Има необичен спортско- елегантен стил на облекување. Преферира маица и фармерки и сака да се слика пол гол. Прави многу експерименти со косата, а тетоважите му се заштитен знак.

Горан Пандев

Што и да се каже за гранде Пандев. Нашиот најдобар фудбалер. Има многу релаксиран стил. Сосема едноставен. Повеќе спортски. Ништо спектакуларно за еден така голем играч. Сака многу часовници и ги има неколку.

Езѓан Алиоски

Како појава е многу впечатлив, а на терен вистински ураган. Тој е македонскиот Бекам, барем во поглед на фризурата. Често ја менува, обоена му е косата, прави впечатливи фризури и секогаш секое влакно му е на место, дури и на терен. Спремен секогаш да биде во центар на внимание. Засега му успева.