Каков татко: Со сопствени раце на синот му сплетил ранец
Наставничката на Ny на Фејсбук споделила фотографија од неговиот нов ранец, а напишала дека неговите родители секојдневно се борат да заработат доволно за тој да може да оди на училиште.
5 - годишниот Ny Keng од Камбоџа го изгубил училишниот ранец за време на излетот во Тајланд. Неговиот татко, кој инаку е фармер, не можел да дозволи неговиот син да оди на училиште со кеса или книгите да ги носи во раце, па цела ноќ ја поминал плетејќи нов ранец со плетиво од палма. Имено, семејството е сиромашно, па не можело да си дозволи да му купи нов...
Наставничката на момчето Sophus Suon не можела, а да не го забележи ранецот со кој Ny истиот ден се пофалил на училиште, па брзо споделила фотографија на Фејсбук.
Раскажала дека родителите на момчето се борат за да оди на училиште, а се мачат и да му ги дозволат наосновните работи. Поради тоа многу повеќе луѓе се воодушевиле на Фејсбук кога виделе колку неговиот татко се мачи да му напраив нешто, без што ниту еден ученик не би требало да биде, а постот кој на Фејсбук го споделила наставничката е споделен над 1000 пати.
Откако оваа приказна станала вирална, истата ја пренесоа и многу портали, а луѓето кои го прочитаа ова беа воодушевени.