Какви се нашите познати мажи според автомобилот што го возат?
Психологијата е моќна наука. На многу начини може да не дефинира, па дури и да не карактеризира според превозното сретство кое го возиме.
Мажите едноставно ги сакаат автомобилите! Меѓу нив постои една нераскинслива врска. Гаражата во која го чуваат својот “миленик” е местото каде најдобро се чувствуваат, таму бегаат за да си ги прочистат мислите или да донесат некоја важна одлука. Автомобилите некако им ја враќаат самодовербата и силата и ги прават моќни, надмени, горди… Имаат статус на личност во машкиот мозок и им се верни пријатели. За жените овие превозни средства служат да ги пренесат од точката А до точката Б и да бидат чисти, убави, миризливи, со префинети линии…и толку! Не кај сите жени се разбира, но кај повеќето е така. Психолозите тврдат дека изворот на автомобил целосно го разоткрива машкиот карактер. Истражувањата покажуваат дека сопствениците на скапите автомобили како “Јагуар”, “Ферари”, “Мерцедес”, “БМВ” многу свесно и наменски бираат такви автомобили. Сакаат да бидат приметени, се трудат да го нагласат својот статус и моќ. Во принцип, тоа се добро ситуирани луѓе со успешни кариери, кои со своите автомобили и нагласуваат на околината дека се “алфа мажи”, предводници, лидери.
За оние кои возат “Мерцедес” психолозите тврдат дека се тоа личности кои се самоуверени, доминантни и индивидуалисти. Го ценат комфорот и безбедноста.
Мажите кои возат “ВМВ” сакаат да уживаат во луксуз, да се експонираат, хедонисти се, имаат добар стил, ги следат своите убедувања и лесно не се откажуваат.
Самоуверен маж кој секогаш оди напред, психолозите сметаат дека вози “Ауди”. Не е сентиментален, минатото не го оптеретува, сака да биде прв и во тоа успева. Вакви автомобили претежно возат харизматични мажи.
Оние кои умеат да уживаат во убавината возат “Јагуар”. Сепак, истражувањата покажаа дека мажите се склони да возат ваков убавец дури и кога за него немаат доволно пари. Статистиките велат дека секој четврти сопственик на овој автомобил е во долгови.
Естетичарите сакаат “Цитроен”. Тоа се типови кои ја ценат елеганцијата, но истовремено сакаат многу спорт. Можат да бидат тврдоглави, ама свесни за реалните ситуации.
Мажите кои возат “Рено” не сакаат изненадувања, знаат како да заведат жена, но знаат често и да се караат.
Според сите овие карактеристики (ако може да им се верува на психолозите за ваква тема) можеби и ќе процените какви се како луѓе нашите познати личности според нивниот автомобил. Од илјадници до стотици илјади евра им чинат “играчките”.
* Премиерот Зоран Заев го вози автомобилот “Ауди А8
* Бизнисменот Орце Камчев вози “Мерцедес s 500”
* Ракометарот Филип Лазаров вози “Рено меган”
* Музичката ѕвезда Владо Јаневски супериорен во “Мерцедес С класа
* Ракометарот Гоце Георгиевски има “Цитроен C4”
Небојша Толески