ЌЕ ЈАДЕМЕ ЛИ ПОСКАПА ХРАНА? Војната во Израел е закана за глобалната економија, дали сме пред нов ценовен шок?

Непишано правило е дека војните и кризите насекаде во светот ги зголемуваат цените на полиците и ја комплицираат ситуацијата на меѓународниот пазар на храна. Со почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина, започна и брзиот раст на прехранбените производи, токму поради тоа што конфликтните страни се најголеми извозници на жито, пченка и сончогледово масло.

После тоа, логично се постави прашањето, дали конфликтот меѓу Израел и Палестина повторно ќе го погоди пазарот на храна?

Иако овие земји поединечно не се големи потрошувачи на храна на глобално ниво, околните земји директно или индиректно ќе бидат вклучени во конфликтот и ќе претрпат најголеми последици. Експертите оценуваат дека верижна реакција е најизвесна, последиците би можеле да ги почувствуваат најпрвин земјите од регионот на воените конфликти, Иран, Египет и други кои се директно или индиректно инволвирани, а тоа дополнително може да донесе шокови на пазарот на храна. Конкретно, споменатите земји се големи купувачи и увозници на жито на светскиот пазар, па произлегува дека е можно да се почувствуваат промени во нивото на побарувачка.

Според Блумберг, ова дури ќе ја турне во рецесија доколку се приклучат повеќе земји.

Имено, поостра ескалација на конфликтот може да го доведе Израел во директен конфликт со Иран, снабдувачот со оружје и пари на Хамас, кој САД и Европската унија го прогласија за терористичка група. Во тоа сценарио, Bloomberg Economics проценува дека цената на нафтата би можела да порасне до 150 долари за барел, а глобалниот раст да падне на 1,7%, што ќе доведе до рецесија која ќе збрише околу трилион долари од глобалното производство.

Целиот текст на ФАКТОР