Клучен натпревар на Еурофарм Пелистер, победа или нерешено против Мотор за осминафинале
Еурофарм Пелистер го пречекува Мотор Запорожје, натпревар последен од групната фаза во ЕХФ - Европската лига.
Со победа или реми протов Мотор Запорожје, битолчани со сигурност одат во осминафинале.
Тренерот Валтер е оптимист и смета дек Еурофарм Пелистер со помош на публиката може до победа.
„Ако имаме поддршка како што нормално добиваме во нашата сала, тоа ќе ни биде од голема помош. Се надевам дека луѓето ќе дојдат во вторник и ќе ни дадат поддршка. По враќањето на некои повредени ракометари, добиваме на стабилност. Имаме многу натпревари во овој период, но мора да размислуваме позитивно. Го вративме ритамот, дури и во поразот во Берлин видов добри работи. Одигравме добро, посебно бевме добри при стрпливоста во нападот. Денес работевме некои детали кои ќе ни послужат за вторник, а и заштедив некои ракометари за дуелот против Мотор. Веќе го подготвуваме дуелот против Украинците, ќе биде тешко и сериозно ќе ги сфатиме. Играа добро во последните натпревари, но имам позитивни вибрации за вторник“ - изјави тренерот на битолчани.
Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор се игра утре од 20-45 часот.