Опа иха! Дедо мраз прв на оро: За раце фатени, направија журка за паметење

Овој фолклорист по душа, направи забава за паметење во срцето на главниот град на Србија, Белград

На улицата Кнез Михајлова синоќа имаше неверојатна забава, а ја направи лично Дедо Мраз!

На улицата свиреа трубачи, а имаше и Дедо Мраз кој го водеше орото. Сите што поминуваа оттаму, и ги знаеја чекорите, се придружија на орото.

Забавата продолжи еден час, а луѓето кои минуваа воодушевено го снимаа овој настан.


- Дедо Мраз најави дека повторно ќе го води орото, така е кога си фолклорист во душата. Штом повторно ќе засвират трубите. Подгответе се кој сака. Тој е таму секој ден кај подароците, е еден од коментарите под видеото.

Што друго да се каже освен - аплауз за Дедо Мраз и атмосферата што ја создаде.


Фото и Видео: Инстаграм

Извор: курир