Кои се даночните олеснувања за компаниите што ги осигурале своите вработени?
Какви се бенифитите за една компанија ако ги осигура своите вработени? Дали има реални бенефити или станува збор само за покажан гест на грижа? Одговорот е и двете, компанијата и вработените имаат бенефит.
Со направените законски измени кои се во сила од јануари 2019 година, на оданочување со данок на личен доход не подлежи уплатената премија за животно осигурување за вработени лица во една календарска година, во висина до две просечни месечни бруто‐плати во Република Северна Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
Овие даночни олеснувања може да имаат големо значење за работодавците, посебно во големи и компании со голем број вработени. Но, животното осигурување на вработените има и други предности за компаниите. На овој начин им обезбедуваат на своите вработени финансиска заштита од непредвидени животни ситуации и покажуваат дека се грижат и за финансиската безбедност и заштита на нив и нивните семејства, со што ја стекнуваат нивната доверба и лојалност. А постоењето на ваква практика позитивно се одразува и воопшто врз пазарот на трудот, врз статусот и третманот на вработените, врз вреднувањето на вработените и нивниот придонес во пазарната економија на една држава.