Кои се тие „Tomato девојки“: Немаат врска со готвење, а се главни ѕвезди на Инстаграм-Сите полудеа по овој тренд
ФОТО: Printscreen/Instagram
Тренд кој вклучува „лежење на тераса, ленени фустани, добра литература и рутина природна убавина“ ги освои социјалните мрежи.
Уште еден тренд ги зафати социјалните мрежи, иако многумина не разбираат за што се работи. Се вика „tomato девојки“, а првата асоцијација е готвењето. Сепак, тоа не е кулинарски тренд, туку моден тренд. Ги освои девојките ширум светот, па на социјалните мрежи може да се најдат бројни фотографии и снимки под новиот хаштаг. За што всушност се работи?
Велат дека летото е вистинско време да го примените, особено ако одите на одмор. Овој тренд подразбира медитерански моден стил кој зрачи со лежерен начин на живот. Целта е се да се прикаже како што е - природно. Девојките најчесто позираат во бели, лелеави фустани, а на фотографиите се гледа сонце, радост или носталгија и романса.
Девојките обично имаат исончани лица и коса не измиена од морската вода, седат во плетени фотелји, а целата атмосфера ја краси сонцето. Некои „tomato“ во овој тренд воведуваат ретро хоби, како што се читање стари романи, слушање совети за нега на кожата од баба, подготовка на свежи домати од градината во кои се додава маслиново масло и сол.
Тренд кој вклучува „лежење на тераса, ленени фустани, добра литература и рутина природна убавина“ ги освои социјалните мрежи. Целта е да се живее што поедноставно и во склад со природата. Освен белата, во трендот се вклопуваат и беж нијанси, како и други природни тонови. Погледнете како изгледа еден ден на „tomato девојка“:
@nicolletlaframboi #stitch with @beanie #greenscreen Somethin' Stupid - Frank Sinatra & Nancy Sinatra