Колинда во хрватска теленовела: Од поранешна претседателка, до актерка
И одлично се снајде...
Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ стана актерка, барем на еден ден. Како што пренесува „Јутарњи лист“, таа била поканета да гостува во серијата „Дар Мар“, популарна хумористична драма што се прикажува на Нова ТВ.
Колинда доби камео улога (што значи кратко појавување на познати, реномирани личности во дело), а веќе успешно го заврши снимањето. Наводно одлично се снашла на снимањето и добро се забавувала, а епизодата со неа треба да се прикаже по Нова година, во јануари.
Поранешната претседателка кратко потврди дека е ангажирана да глуми во серијата.
- Да, да, одлично се забавував на снимањето, затоа се согласив на улогата - одговори Грабар-Китаровиќ.
Серијата „Дар Мар“ е опишана како теленовела која започна да се снима летово, а беше прикажана и првата епизода на 5. октомври.
Според медиумите, првата епизода ја гледале 550.000 гледачи. Заплетот на серијата се случува во имагинарниот хрватски град Дизмово и ги следи животите на Божена, шефот на најмалата полициска станица во земјата, и нејзините колеги полицајки Бранка и Жељка и пензионираниот колега Миле.
Сценариото ја опишува како татина маза и многу паметна девојка која постојано шета со план и силно сака да се занимава со политика. Еден ден таа сака да биде претседател на Република Хрватска. Нејзин пример е Колинда чиј огромен постер го има на ѕидот во нејзината соба, е дополнителен опис на тој лик.