Koлкаво богатство поседува Новак Ѓоковиќ?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е еден од најбогатите луѓе во регионот. 

Ѓоковиќ „тежи“ 430 милиони евра. Најбогат човек во регионот е Дубравко Гргиќ од хрватската „Аграм груп“, чија вредност е проценета на 2,8 милијарди евра, објави српски „Неделник“. 

По него следуваат Миодраг Костиќ „МК Груп“ и Мирослав Мишковиќ „Делта холдинг“ од Србија со по 2,7 милијарди евра, а зад нив се Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ од „Инфобип“ во Хрватска, со богатство од 2,5 милијарди евра.

На листата се проценува дека 18 компании вредат повеќе од една милијарда евра, а меѓу нив најсвежо лице е Мате Римац од познатиот автомобилски „Римац груп“, кој е на петтото место со 2,2 милијарди.

Читајте уште

Во семејството на Новак Ѓоковиќ ќе има принова

Продава плац, а клучниот бенефит е дека е блиску до Новак Ѓоковиќ

foto EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT