Сите знаат дека интернационалниот агент, Џејмс Бонд сака мартини. Но, Хајнекен сака да знаете дека тој исто така некогаш ужива и во пиво, а би платиле и огромна сума за таа информација да се рашири.
Холандската пивара не е единствена во оваа приказна. Како што дознава luxlife.rs, многу луксузни брендови размислуваат да платат милиони за да бидат дел од новото остварување на серијалот Џејмс Бонд, односно во 25 филм во целата франшиза. Францускиот шампањ, Maison Bollinger според некои наводи платил 12.8 милиони долари, за да го обнови својот договор, кој трае четириесет години, за може Бонд да го пие овој пијалок, кога не ги убива негативците, шармира жените и спасува светот.
Во меѓувреме, брендот Хајнекен платил околу 36 милиони долари за да биде дел од последниот филм, Skyfall. Belvedere има платено уште поголемо сума за да биде главна состојка на мартинито на Бонд, а дури и продавале 007 шишиња во ограничени количини. Цифрата на тој договор не ја претставија јавно, но претседателот на брендот, Чарлс Гиб изјави дека тоа било најголемото глобално партнерство кое тие некогаш го оствариле.
Други брендови кои имале среќа да станат синоним на стилот на Бонд, се компаниите Omega и Aston Martin. Се заедно, дури околу 96.7 милиони долари е платено за следниот дел на филмската франшиза, која само што потврди дека Даниел Крег повторно ќе биде во главната улога.
Секако, тоа не е нов феномен. Од своите први филмови, Бонд привлекувал низа луксузни брендови - од костумите Brioni, потоа Tom Ford, како и часовниците Rolex и Omega.
Оваа година, Бонд го започнува своето зелено патување, па во следниот филм, славниот агент ќе вози електричен Aston Martin модел. Доколку сакате да помогнете во зачувување на природната средина, овој Aston ќе ве чини 250.000 долари.
Дали поради сето ова Џејмс Бонд можеме да го наречеме оригинален инфлуенсер?