Патување во Турција за лекување карцином на простата: Што нуди „Аџибадем“

Иако карциномот на простата е најчестиот вид карцином кај мажите, добрата вест е дека генерално може да се лекува. Во „Аџибадем“ се нудат и хируршки и нехируршки опции за трајно лекување на локализираната болест. За метастатски карцином на простата, се користат системски терапии и целни радиоактивни третмани за контрола на прогресијата на карциномот, ублажување на симптомите и подобрување на квалитетот на животот на пациентот.

Простатата е жлезда која постои единствено кај мажите и е дел од репродуктивниот систем. Болестите на простатата се чести, а трите најчести состојби се карцином на простата, бенигно зголемување на простатата и простатитис. Секоја состојба е различна и бара посебен пристап кон лекувањето. Карциномот на простата често предизвикува најголема загриженост, бидејќи зборот „карцином“ е застрашувачки за многумина. За среќа, кога туморот е локализиран и ограничен на простатата, може да се лекува.

Роботска хирургија за безбедно и прецизно отстранување простатасо карцином

Златниот стандард за лекување карцином на простата е операција, со која се отстранува целата простата. Ако туморот е ограничен на простатата, операцијата може да доведе до целосно лекување. Сепак, зачувувањето на околните крвни садови и нерви одговорни за контрола на мокрењето и еректилната функција е подеднакво важно, бидејќи овие функции се значајни за квалитетот на животот на мажите. Дури и кога туморот е успешно отстранет, уринарната инконтиненција може значително да влијае на секојдневниот живот и може да биде потребен понатамошен третман. Еректилната дисфункција е уште еден можен несакан ефект што може да влијае и на пациентот и на неговиот партнер. Затоа врвни центри за уролошка онкологија ширум светот сè повеќе користат роботски системи за радикална простатектомија, овозможувајќи попрецизна хирургија.

Во рамките на Групацијата за здравствена заштита „Аџибадем“ сега се користи роботски асистирана хирургија во шест болници за да се постигнат најдобри можни резултати. Благодарение на богатото искуство на уролозите во роботската хирургија за карцином на простата, не само што целосно се отстранува карциномот, туку и се минимизира ризикот од уринарна инконтиненција и импотенција. Понатаму, на Универзитетот „Аџибадем“ постои официјален центар за обука за роботска хирургија каде што се едуцираат хирурзи и се добива глобално признат сертификат.


Со радиотерапија ефикасно се лекува локализиран карцином на простата

„Аџибадем“ користи радиотерапија за лекување карцином повеќе од 20 години. Напредокот во онколошката радиотерапија доведува до значителни подобрувања во исходите од лекувањето. Денес, радиотерапијата е корисна опција за многу видови карцином, вклучувајќи го и карциномот на простата. Радиотерапијата водена од МР претставува една од најнапредните технологии во оваа област, обезбедувајќи попрецизно таргетирање на туморот и подобра заштита на здравите ткива во споредба со конвенционалните системи водени од КТ. За локализиран карцином на простата, радиотерапијата водена од МР постигнува стапки на успешност слични на хируршката интервенција. Тоа овозможува туморот целосно да се третира без инцизија, нудејќи ефикасна алтернатива на радикалната простатектомија.

Радиотерапија или операција за карцином на простата: Која опција е подобра?

И радиотерапијата и операцијата имаат свои предности и недостатоци. Пациентите би требало да разговараат за овие алтернативи на лекување со лекари од обете дисциплини за да се избере најдобрата опција за нивната состојба. Важно е да се запомни дека ако се избере радиотерапија наместо хируршка интервенција, апаратот мора да биде опремен со најнова технологија за да се минимизираат ризиците за здравите органи и ткива во близина на простатата, како што се мочниот меур и функционалните нерви. Сепак, на крајот, пациентите треба да се чувствуваат задоволни  со својата одлука. И двата третмани имаат високи стапки на успешност во постигнувањето трајно лекување кога се применети од искусни специјалисти со стручност, внимание и трпение.

Ако мојот карцином метастазирал…

Најпредизвикувачкото сценарио кај карциномот на простата е кога се шири на други органи или ткива. Добрата вест е дека карциномот на простата вообичаено покажува симптоми пред да метастазира. Кај помалку од 10 проценти од пациентите карциномот се дијагностицира откако веќе се проширил. Во тој стадиум, операцијата веќе не е опција. Наместо тоа, медицинските онколози се фокусираат на контролирање на болеста користејќи различни модалитети на лекување.

Примарниот третман за метастатски карцином на простата е хормонска терапија, бидејќи карциномот на простата е зависен од хормони. Меѓутоа, ако туморот кај пациентот е од висок степен или се предвидува дека карциномот следи агресивен тек, може да се примени и хемотерапија. Кај пациенти кои стануваат отпорни и на хормонска терапија и на хемотерапија, може да се земат предвид радиоактивни третмани како што е Лутециум-177 PSMA.

Сите одлуки за лекување се базираат на степенот на туморот кај пациентот, одговорот на претходните терапии и наодите од снимањето PSMA PET. Во „Аџибадем“, медицинските онколози кои се специјализирани за уролошки карциноми тесно соработуваат со уролозите за да го одредат најдобриот можен план за лекување за секој пациент.

ПР објава