Колку луѓе избегале од Алкатраз и како?
Замислете дека сте сториле кривично дело и сега сте затворени во Алкатраз, најбезбеден затвор во светот. Како би го поминале времето? Дали би пишувале писма до вашето семејство и пријатели? Бичитате ли книги? Или би го испланирале евентуалното бегство?
За жал, шансите ќе бидат против вас за последната опција. Само една група успешно го избегна Алкатраз во својата 30-годишна историја. Од 36 мажи кои се обиделе да избегаат, 23 биле заробени, шестмина биле застрелани, а другите се удавиле.
Сепак, тројца мажи - браќатаЏон и Кларенс Англин и Френк Морис - можеби го извршија она што го нарекуваме - едно од најголемите бегства од затвор во американската историја.
Тројцата затвореници го планираа своето големо бегство неколку месеци, поставувајќи тајна работилница каде што ги направија алатките што им беа потребни за да избегаат. Потоа, на 11 јуни 1962 година, тие го спроведоа својот план.
Таа ноќ, Џон, Клиренс и Френк ги наполнија креветите со хартија (што требаше да го претставуваат нивното тело) и се пробиваа низ отворите за вентилација на нивните ќелии, ползејќи низ цевките до затворскиот покрив. Оттаму, тие слегоа низ оџакот кон земјата и го придвижија својата сплав - направен од повеќе од 50 украдени кабаници. Затворскиот систем за безбедност не ги открил.
Сепак, постои „цака“. Никој не знае што се случило со бегалците. Кога парчиња од сплавот почнаа да лебдат близу островот, многумина претпоставуваа дека луѓето се мртви. Властите на Алкатраз посочија дека се удавиле или починале од хипотермија.
Но, сега, повеќе од 50 години подоцна, семејството Англин обезбеди доказ дека мажите преживеале. За почеток, мајката на Кларенс и Џон Англин добила божиќни картички потпишани во нивни имиња три години откако избегале од затвор. Семејството, исто така, објави фотографија од браќата, најверојатно направена во 1970-тите, по нивното бегство.
Покрај тоа, Џон Англин наводно напишал писмо до полицијата во Сан Франциско во 2013 година. Иако сите тројца затвореници го преживеале бегството, тој беше единствениот кој сè уште беше жив. Сепак, официјалните претставници на ФБИ се сомневаат дека писмото е реално; анализата на ракописот на писмото се смета како неубедлива.