Комплексите на Роналдо се неизлечливи: Португалецот ова не може да го извади од глава, па плаче како девојче

Кристијано повторно падна на провокација, и овој пат беше вистински хит

Кристијано Роналдо треба да ја врами фотографијата од Диого Коста како икона и да ја закачи на ѕидот од неговата соба. Само благодарение на голманот на Португалија репрезентацијата се‘ уште е на Европското првенство, а не благодарение на првата ѕвезда на тимот и според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња. Можеби Роналдо ги има бројките зад себе, но не ги прави сам, туку како дел од моќен тим и кога ќе се најде во ситуација еден на еден, се распаѓа и плаче како мало девојче.

Така беше и синоќа кога Јан Облак му одбрани пенал во регуларниот дел од осминафиналето против Словенија. На Кристијано му паднаа солзи, а потоа со кисела насмевка се пласираа во четвртфиналето против Франција, откако погодија три пенали во серија. И во таа насмевка, како и во солзите се гледаше колку Роналдо не поднесува пораз на спортски начин.

А за се‘ е крив Лионел Меси и комплексот кој го разви поради Аргентинецот. Фановите ширум светот го препознаа тоа, па постојано му ставаат сол во раната. За тоа сведочи синоќешниот натпревар. Кога Кристијано изведуваше слободен удар, навивач зад голот мавташе со дресот на Меси од репрезентацијата на Аргентина. Со само една цел, да го изнервира и понижи. Очигледно му успеа затоа што Роналдо полуде. Како што беше случај безброј пати досега.

Сите се‘ уште зборуваат за бурните реакции на Роналдо во Саудиска Арабија, кога навивачите од трибините му извикуваа „Меси, Меси“, а тој хистерично извикуваше „Јас не сум Меси, јас сум Роналдо“.

Епилог, ги загуби нервите, па беше казнет со суспензија од еден натпревар и парична казна, иако симболична за него. Згора на се‘, кога Меси со Интер од Мајами гостуваше во Саудиска Арабија и требаше да игра против Ал Наср на Роналдо, Португалецот „се повреди“, па спектаклот беше пропуштен.


Фото: Youtube - screenhsoot/„X“ - screenshoot/„X“