Конечно во јавноста: Ова се барањата на Канје Вест во бракоразводната парница

Фото: Tanjug/Photo by Evan Agostini/Invision/AP

Канје Вест конечно одговори на барањата за развод што ги постави Ким Кардашијан на 19 февруари оваа година. Познатиот рапер и дизајнер пред се бара од судот заедничко старателство над нивните четири деца.

Според таблоидот „ТМЗ“, она што Вест го бара од Ким во бракоразводната парница не се разликува од желбите на неговата наскоро бивша сопруга. Како што се испостави, таа и судот бараат заедничко законско и физичко старателство над нивните четири деца - Норт, Сент, Чикаго и Псалм.

Заедничкото старателство, како што се посочува, не мора да значи договор со 50/50 со 40-годишната риалити ѕвезда, која најверојатно ќе стане примарна негувателка на нивните деца. Понатаму се тврди дека парот подготвува договор што судот потоа ќе го одобри.

Како што еднаш беше речено, наскоро поранешната двојка се посвети на идејата за заедничко родителство над нивните четири деца.

Ниту 43-годишниот Канје, ниту Ким, кои и двајцата се прогласени за милијардери според угледниот „Форбс“, нема да побараат финансиска поддршка од бракот, и двајцата се согласија да се грижат за своите правни трошоци во бракоразводната парница.

Пред да ја официјализираат врската со брак, Канје и Ким потпишаа предбрачен договор, што влијае и на начинот на кој ќе го поделат својот огромен имот.

Интересно, ниту една од страните не ги навела датумите на разделба во документите за развод, а во разводот со сопругот, Ким ја ангажирала водечката холивудска адвокатка Лора Васер, чиј лик и дело наводно станале главната инспирација за актерката Лора Дерн за улогата во „Брачна приказна“, што и донесе Оскар.

Истата адвокатка Ким ја застапуваше и кога се обиде да го прекине својот втор брак со нејзиниот тогашен сопруг Крис Хамфрис, кој траеше неславно само 72 дена.

Според таблоидот „ТМЗ“, Ким ќе остане сопственик на нивната семејна куќа во елитната населба Хидс Хилс во Лос Анџелес, поради грижата за децата.

Ким поднесе барање за развод на 19 февруари, а извори блиски до парот тогаш тврдеа дека Ким и Канје не поминувале време како семејство и не комуницирале со месеци.