ДАН Билзериан, самопрогласен крал на Инстаграм, кој го следат скоро 32 милиони луѓе на таа социјална мрежа, пристигна во Сплит, Хрватска.
Билзериан се пофали со фотографија од приватен авион, а подоцна и јахта, а од снимките е очигледно дека ќе помине извесно време во Сплит. Со него пристигнале група девојки да го забавуваат за време на престојот.
Неодамна, тој понуди 5000 долаари на оној кој ќе го смисли најдобриот наслов на автобиографијата што ја напиша. Дан е познат по експлицитните постови со мноштво девојки со кои има врски, а Инстаграм го казни неколку пати за експлицитна содржина.