Кроација осигурување воведува поволности за корисниците на обновливи извори на енергија

Во согласност со денешните потреби на корисниците и фокусирајќи се на светските трендови што го диктираат развојот на пазарот, компанијата Кроација осигурување – неживот одлучи да воведе нови поволности за граѓаните што размислуваат и дејствуваат одговорно кон животната средина, во вид на промотивни акции (Еко Дом  и Еко Каско)за корисниците, кои во својот дом користат обновливи извори на енергија или имаат инвестирано во електрично или во хибридно возило.

Со ЕКО Дом акцијатаосигуреникот/договарачот може да се стекне со 50% попуст на полисата за семејно осигурување од незгода – Блу фемили (Blue Family),доколку има склучено договор за осигурување на својот стан или куќа (домаќинско или пожарна полиса),  а воедно има инсталирано и систем за обновлива енергија (соларни панели за производство на електрична енергија, соларни колектори за затоплување на санитарна вода, при користење клима-уред, инвертер или при греење на парно). Исто така и во рамките на акцијата ЕКО Каско, секој осигуреник/договарач на каско полиса за хибридно или електрично возило, се стекнува со 50% попуст на полисата за семејно осигурување од незгода – Blue Family.

Обновливите извори на енергија претставуваат извори што ги користат природните ресурси и постојано се обновуваат, а со своето постоење и користење не оставаат непосакувана трага врз животната средина. Обновливите извори се наоѓаат во традиционалните, најчести форми на енергија, како што се: сонцето, водата, ветерот, плимата и осеката, геотермалната енергија и сл. Примарните цели за користење на обновливите извори на енергија се: зачувување на животната средина, која во голем процент придонесува за квалитетот на животот, за зголемување на одржливите енергетски системи и создавање и одржување на енергетската независност, како чекор што укажува на зрела и стабилна состојба на системот.

Во повеќето земји низ светот теми за дискусија се енергетската политика и растечките цени на енергијата. Дури и ако тековните цени на електричната енергија во Македонија се релативно ниски денес, тоа може да се промени во иднина бидејќи енергијата станува сѐ поредок ресурс и владите вообичаено плаќаат големи суми за да ги одржат ниските цени за потрошувачите. Инвестициите во модерни, енергетски ефикасни технологии и системи за управување со енергијата во принцип имаат голема економска смисла.

Сѐ поголем број граѓани се одлучуваат да постават фотоволтаици на покривот на куќата за производство на електрична енергија со цел да ги намалат сметките за струја, да дејстуваат еколошки и да помогнат колку што можат, а и да придонесат за надминување на енергетската криза. Со растот на цената на струјата, вложените пари за инсталирање фотоволтаична опрема ќе се вратат за пократок период. На краток рок оваа инвестиција претставува свесно пренасочување кон поодржлив, еколошки извор на енергија, но нејзината вистинска вредност е во долготрајната корист од инвестицијата, која ќе овозможи заштедување средства и енергија, а зад себе ќе остави почиста и поздрава околина.

И покрај повисоките стартни трошоци, купувањето ефикасни технологии во најголем број случаи ќе се исплаќа бидејќи ќе се користи помалку енергија од претходно и поради тоа што ќе бидат пониски трошоците за поправка и за одржување.


ПР објава