Кучињата се почисти од мажите? -Опасна бактерија се создава во машката брада
Научници од клиниката Хирсланден во Швајцарија споредиле примероци од брада на 18 мажи на возраст од 18 до 76 години, со примероци на коса од 30 кучиња.
По испитувањето излезе дека сите мажи имале бактерија во брадата, а дури за 7 од нив тоа било опасно по нивното здравје.
Андреас Гутзеит е докторот кој го водеше ова истражување и тој даде заклучок кој утврдува дека всушност кучињата се почисти од мажите. Тој објасни дека мажите кои имаат голема брада мора да водат интензивна хигиена, која мора да е секојдневна, бидејќи во спротивно брадата создава бактерии кои можат да бидат опасни по здравјето.
Истражувањата исто така покажале дека храната е еден од главните предизвикувачи за создавање на бактериите во брадата и брадата мора да се мие после секој оброк, исто како и забите. Во влакната на брадата се задржуваат мискроскопски парчиња храна, а ако сте конзумирале храна која содржи сосови и таа исто така може да се задржи во брадата и да созададе совршено место за развивање на бактерија.
Доколку сакате да имате брада која е долга и бујна, тогаш бидете спремни да ја миете по неколку пати во денот за да биде чиста, освен ако не сакате да бидете подвижен инкубатор со бактерии.