КУП на РМ: Вардар елиминиран по пенал серијата, полуфинале за Силекс, Струга ТЛ и Македонија ЃП

Екипите на Струга ТЛ, Силекс и Македонија ЃП обезбедија полуфинале во Купот на Македонија.

Вардар елиминиран во Кратово од Силекс, по 90 минути игра беше 0-0, а во пенал серијата загуби откако три играчи од црвено-црните не погодија од единаесет метри, Филип Гачевски одбрани два пенали.

Струга Трим Лум победи со 2-0 против Брегалница и обезбеди полуфинале, Македонија ЃП запиша минимална победа од 1-0 над Академија Пандев.

Дербито помеѓу Шкупи и Шкендија се играше само 9 минути, ФФМ решава за патникот во полуфиналето, во моментот заседава натпреварувачката комисија.