Спорт // Спорт
Куп на РМ: Вардар посакува полуфинале, Шкупи -Шкендија дерби во оваа рунда
Денеска се играат средбите од четвртфиналето во Купот на Македонија во фудбал, се игра еден натпревар, меѓу осумте екипи, само Вардар е второлигаш.
Вардар му гостува на Силекс во Кратово, домашниот тим има успешна фудбалска кампања по враќањето во прволигашката конкуренција и важи за фаворит.
Дерби е дуелот меѓу Шкупи и Шкендија, додека Македонија ЃП го пречекува тимот на Академија Пандев во реприза од последното финале.
Лидерот во ПМФЛ, екипата на Струга е фаворит на мечот со Брегалница.
Двојки 1/4 финале, 13 часот:
Шкупи-Шкендија
Силекс – Вардар
Македонија ЃП – Академија Пандев
Струга – Брегалница