„Купи го тоа што ти се допаѓа“ - Нови промотивни услови за потрошувачки кредити од Силк Роуд Банка
Силк Роуд Банка АД Скопје воведува нови промотивни услови за потрошувачките необезбедени кредити за физички лица. Отсега, сите апликанти може да аплицираат за потрошувачки кредити до 1.200.000 денари со рок на отплата до 10 години.
Потрошувачките кредити за физички лица се ненаменски и можат да се користат за задоволување на сите потреби на граѓаните и се со каматна стапка од 5.5% непроменлива за првите две години од отплатата, односно 5.2% каматна стапка при рефинансирање на постојни кредитни изложености од други банки или финансиски институции.
Дополнително, сите заинтересирани кои ќе аплицираат потрошувачки кредит од Силк Роуд Банка најдоцна до 31.12.2020 година се целосно ослободени од административни трошоци за исплата.
Повеќе информации за новите услови за потрошувачките кредити на банката сите заинтересирани можат да добијат на веб страната www.silkroadbank.com.mk, во некоја од експозитурите на банката или на профилите на социјалните мрежи Facebook, Instagram или LinkedIn.
ПР објава