Левандовски искрено за Баерн: Веќе нема емоции, одам во клуб од Шпанија

Роберт Левандовски се „отвори“, и објави, заминува од Баерн Минхен, и покрај тоа што има уште една година важечки договор.

Напаѓачот на Баерн и репрезентацијата на Полска, а за медиумите од својата земја го потврди заминувањето од Германија, и ја најави следната дестинација, Барселона е негов избор, и тоа по секоја цена.

„Не размислувам за други опции, заминувам од Баерн, тука веќе нема емоции, потребен ми е нов предизвик, а тоа е Барселона. Нешто во мене умре, завршено е со Баерн“ – вели Левандовски.