Лудост или храброст: Поранешен НАСА инженер тестираше дали ајкулите можат да му ја намирисаат крвта
Популарниот јутубер, и некогашен НАСА инженер, Марк Робер ги тестираше ајкулите дали можат да почувствуваат капка човечка крв во океанот.
Марк објави снимна со ајкула на Youtube, а за овој експеримет се одлучи поради новата апликација „Discovery Go“.
Пред да заплива со суровите животни, во океанот истури рибино масло, уреа, кравја крв, за да провери дали ајкулите ги привлекува точно мирисот на човечката крв.
На почетокот животните не реагираа на неговите мамки, но после 20 минути тие почнаа да забележуваат дека нешто се случува.
На крајот од тестот кога ги сумираше резултатите, Марк заклучи дека само четири ајкули тргнале по рибиното масло, 24 се одлучиле да одат по крвта и ниту една за урината.
При тестирањето тој ја вклучил и својата крв заедно со крвта на другите луѓе на бродот. Ја ставиле во водата во многу мала количина, па заради тоа и крвта не им го привлекла вниманието на ајкулите.