„Луѓето со ниска интелигенција имаат поголеми шанси да се збогатат отколку паметните - еве зошто“: Познатиот бизнисмен од „ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ“ претстави теорија која предизвикува ГОЛЕМИ КОНТРОВЕРЗИ
Дали луѓето со висок или понизок коефициент на интелигенција заработуваат повеќе и дали високиот коефициент на интелигенција понекогаш е некаква пречка за стекнување големо богатство, е прашање со кое се почесто се среќаваме во секојдневниот живот. Оваа тема се дискутира на светско ниво, а многу економски експерти, аналитичари и успешни бизнисмени дебатираат јавно на телевизија и во подкасти.
Дон Пења, познат 79-годишен американски бизнисмен, автор на книгата „Твоите први 100 милиони“, познат од многумина во светот како „човекот од трилиони долари“, на британската телевизија „LondonReal“ зборуваше зошто, во неговото мислење и искуство, луѓето кои имаат понизок коефициент на интелигенција имаат поголеми шанси да се збогатат.
„Колку човек има помал коефициент на интелигенција, толку повеќе пари ќе заработува“, ја започна својата презентација Пења, кога водителот го замоли подетално и со пример да го објасни своето размислување.
„Ќе земеме, овде, инженери. Тие ги анализираат работите. Ако градиш мост на ракета, не можеш да згрешиш, бидејќи многу луѓе ќе умрат. Затоа се „обучени“ да се сочуваат себе си со постојано анализирање Премногу ги анализираат и проучуваат сите околности, размислуваат за сите работи и можности кои можат да тргнат наопаку, а ако премногу размислувате за се, ќе најдете доволно причини да не го правите тоа“, вели познатиот бизнисмен, а водителот се согласил со тоа што го слушнал.
Ден Пења понатаму објасни која е клучната разлика во однесувањето на луѓето со просечна или ниска интелигенција.
„Да се преземе акција не е слушање подкаст или читање книга, туку само тоа - акција“, посочи тој, алудирајќи дека оваа група на луѓе „скока во оган“ и дејствува без премногу размислување и анализирање на околностите и последиците.
„Ако сте инженер, правник, сметководител, доктор, научник, научен сте да учите и да дејствувате според одредени модели на факти“, заклучил бизнисменот.