Лукашенко: Рудник за злато- „Не украдов ништо од мојата земја, јас сум човек на народот“

Белорускиот опозициски медиум Некста објави документарен филм заснован на истражување на луксузни резиденции и деловни врски на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Видеото наречено „Лукашенко: рудник за злато“, трае околу час и половина и го прикажува наводното скриено богатство на Александар Лукашенко, објавено на 8 март, а има повеќе од три милиони прегледи на Јутјуб.

Новинарите, кои се во егзил во Полска, го обвинија Лукашенко за финансирање на неколку луксузни резиденции и скапи автомобили со државни пари.

Тие ги засноваа своите обвинувања на сведочењето на анонимен извор од претседателската администрација.

Видеото потсетува на истрагата за рускиот дисидент Алексеј Навални, кој во јануари го обвини претседателот Владимир Путин дека има луксузен имот и огромна палата во близина на Црното Море.

Белоруските власти не го коментираа објавувањето на филмот, но Лукашенко ги обвини своите противници дека подготвуваат лажна приказна за дестабилизација на поранешната советска република - близок руски сојузник.

- Сакам да разберете: Работам како претседател веќе четвртина век и ако веќе имаше неколку милијарди, како што велат, или палата, веќе ќе бев растргнат во сите правци. Не украдов ништо од мојата земја, не зедов ништо - рече тој при една посета на фабриката.

Александар Лукашенко тврди дека тој е човек на народот

Филмот предизвика многу коментари и шеги на социјалните мрежи, но поверојатно е дека ќе го смени начинот на размислување надвор од Белорусија отколку во самата Белорусија, каде мислењето сега е цврсто поделено, изјави политичкиот аналитичар Валери Карбалевич.

Огромното мнозинство на белоруското општество веќе го воспостави својот став кон властите - рече тој.

Основачот на „Нексте“, Стјепан Путсила, изјави дека палатата на Лукашенко во Минск, наречена Палата на независноста, го чинела државниот буџет 250 милиони долари и рече дека има уште 17 резиденции низ целата земја. Лукашенко претходно изјави дека неговите автомобили се подароци од бизнисмен.

Поранешниот управител на советската колективна фарма Лукашенко, често се гледа како вози трактори, посетува фабрики и игра хокеј на мраз за да го промовира својот имиџ како човек на народот, а тој предложи вотка и сауни како лек за коронавирусот.

- Всушност, сликата за претседател на народот беше уништена многу порано ... имиџот на Робин Худ, несебичен борец против корупцијата, е одамна распрснат - вели политичкиот аналитичар Александар Класковски.

Тој верува дека овој филм сепак има своја цел.

„Целта на филмот е да се поттикне протестната активност“, рече тој.

Белорусија е во првите редови на внатрешната политичка криза од претседателските избори на 9 август, на кои Лукашенко прогласи победа со 80,1 процент од гласовите.

Изборите, наводно, победини од Лукашенко, кој е на власт повеќе од две децении,  предизвикаа повеќемесечни улични протести, бројни смртни случаи и повеќе од 30.000 апсења.