М-р Јелена Мициќ од „Аџибадем Систина“ со презентација на 7.Конгрес на фармацевти
Од 5 до 9 октомври, во организација на Македонското фармацевтско здружение и Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид се одржува 7. меѓународен конгрес на фармацевти. Претставник од тимот на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ беше м-р Јелена Мициќ, раководител на болничка аптека, со труд на тема „Улогата на фармацевтот во медицинските практики насочени кон пациентот“.
Во нејзиниот труд беше презентирана работата на клиничките фармацевти во здравствените установи, каде што фармацевтите имаат секојдневни и редовни интеракции со докторите, придонесуваат за подобра координација во медицинската грижа за пациентите. Целта на фармацевтската грижа се темели врз правилно и навремено следење на здравствените проблеми на пациентите за постигнување на сигурна, ефективна и хумана терапија. Доследното реализирање на сите елементи од фармацевтската грижа има круцијално значење за подобрување на здравјето и квалитетот на живеење на пациентите.
Научната програма на конгресот вклучува низа предавања, усни презентации и постер сесии со кои се врши размена на искуства меѓу научниците, истражувачите и практичарите. Конгресот ги опфати новите предизвици во сите области на фармацевтската наука и професионалната практика.
ПР Објава