Македонија има повеќе злато од Ирска, Словенија и Исланд
Светскиот
совет за злато објави нов список на земји со најголеми резерви на злато.
Списокот е од Ноември, 2019 година. САД е на врвот, со 8.133,5 тони. Македонија се најде на 80- то место. Во последните
пет години, нашите резерви не се ниту намалени ниту зголемени. Што значи дека
златото не е ни „чепнато“.
Германија е на второ место со 3.366.8 тони и на третото место е Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со 2.814,0 тони.
Меѓу десетте најбогати се Италија, Франција, Кина, Русија, Швајцарија, Јапонија и Индија.
Кога станува збор за Балканот, Србија (21,3 тони) има најмногу злато, рангирајќи се на 64 место. Следува Македонија на 80-то место со 6,9 тони.
Словенија е на 90-то место со 3,2 тони, додека Босна и Херцеговина е на 92-то место со 3,0 тони.
Албанија е рангирана на 95-то место со 2,2 тони, додека Кенија е последна на 100-то место со 1,9 тони.
Списокот, кој се заснова на податоците на ММФ, не вклучува земји кои не поднеле нови бројки во последните шест месеци или оние кои не објавуваат податоци јавно. Црна Гора и Хрватска не се на списокот.
Н.Т.