Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2020 година, изнесувала 26.390 денари според Државниот завод за статистика.
Така велат тие бројки, но кај нас има плати далеку под просекот. И тоа е мизерија со која се соочуваат таквите приматели на плата.
Најниски просечни плати во мај биле исплатени во секторите: производство на кожа и слични производи од кожа (14.255 денари), дејности за подготовка на оброци и служење на храна (14.875 денари), туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив (15.286 денари).