Македонска премиера на ŠKODA ENYAQ: Емотивен, ефикасен и електрифициран

Со претставувањето на сосема новиот ENYAQ на нашиот пазар, ŠKODA го прави следниот чекор во имплементацијата на својата стратегија за е-мобилност. Целосно електричниот SUV е првиот сериски модел на чешкиот производител на автомобили кој се базира на модуларната платформа за електрични автомобили MEB на групацијата Volkswagen. ŠKODA ENYAQ нуди погон на задните или на сите тркала, заедно со опсег што е совршено погоден за секојдневна употреба, покривајќи од 510 км – 560 км* според циклусот WLTP и типична пространост препознатлива за брендот.

ŠKODA продолжува да го развива својот емотивен дизајнерски јазик - за таа цел, новиот SUV се одликува со целосно нов внатрешен концепт кој нуди избор на пет дизајн селекции наместо класични нивоа на опременост и сосема нова структура на достапните опции. 

Миле Станчев, Бренд Менаџер за ŠKODA изјави: „Со лансирањето на ENYAQ отпочнува нова ера за ŠKODA. Ова е нашиот прв целосно електричен и еколошки автомобил. Со лансирањето на овој модел, електричната мобилност ја правиме Simply Clever – со голем досег, брзо полнење и лесно ракување. Освен што е еколошки ENYAQ е и исклучително забавен и возбудлив за возење, што се отсликува преку техничките податоци за забрзување од  0 до 100 км/ч за само 6,7с и максимална брзина од 180 км/ч.

Најважните моменти на сосема новиот ŠKODA ENYAQ:

Електричен погон: ENYAQ може да се пофали со целосно нов погонски концепт, искористувајќи ги можностите што ги нуди модуларната платформа за електрични автомобили MEB на групацијата Volkswagen во која батеријата е вградена во подот на возилото со цел да се добие добра распределба на тежината. Батеријата е со капацитет од 82 kWh (бруто) или 77 kWh (нето) со максимална излезна моќност од 210 kW или 285 KS, вртежен момент од 545 Nm и погон на задните или на сите тркала. Со опсег до 510 km – 560 km* според циклусот WLTP, новиот ENYAQ е идеален секојдневен придружник.

Безбедност: Новите системи за асистенција вклучуваат Travel Assist, кој сега има уште повеќе функции, како и функција за паркирање со далечинска контрола.

Надворешност: Дизајнерскиот јазик на ENYAQ е емотивен, моќен и динамичен. Новиот SUV се карактеризира со совршени пропорции и извонредна просторности се нуди во две каросериски варијанти, како класичен SUV во ENYAQ и како спортска купе-SUV варијанта во ENYAQ Coupe. И двете варијантина ENYAQ нудат сличен внатрешен простор како ŠKODA KODIAQ, и покрај тоа што се пократки по должина од ŠKODA OCTAVIA. Како опционални додатоци, осветлената кристална предница – која доаѓа со анимирана функција Coming/Leaving Home – и целосно LED матрични фарови го красат впечатливиот преден дел со големата маска на ŠKODA. Целосните LED задни светла вклучуваат динамични индикатори, а имаат и анимирана функција Coming/Leaving Home. Стандардно ENYAQ доаѓа со Алуминиумски тркала од 19”, но по желба може да има и тркала од 20или 21” како што се тркалата Supernova со кои е опремено изложеното возило.

Внатрешност: Новите Дизајн селекции – Loft, Lodge, Lounge, Suite & Eco Suite ги заменуваат класичните нивоа на опременост и поставуваат нови стандарди за внатрешноста. Секоја опција на дизајн, обезбедува прекрасен внатрешен простор со кој буди исклучително добро чувство и содржи природни, одржливо обработени и рециклирани материјали. Новата структура на достапните пакети на опрема - пет тематски пакети, како и некои поединечни опции - го прави брзо и лесно приспособувањето на возилото за да одговара на вкусот на сопственикот. За спортски расположените возачи, ŠKODA го нуди ENYAQ Sportline кој со надворешниот „Black” пакет, спортски профилираните седишта и спортската шасија ги нагласуваат спортските амбиции на автомобилот.

Поврзување: Со 13 инчи, централниот екран на ENYAQ е поголем од која било друга ŠKODA. Уште повеќе, целосно новиот SUV е секогаш онлајн и паметно поврзан. Полнењето на батеријата и климатизацијата во внатрешноста може лесно да се контролираат од далечина преку апликацијата ŠKODA Connect.

Simply Clever: ŠKODA разви решенија Simply Clever специфични за електричните возила, како што е средство за чистење на кабелот за полнење, заштитно капаче за приклучокот за полнење и преграда за кабелот за полнење под подот на багажникот. Новата централна конзола распоредена на две нивоа обезбедува многу простор; „паметната“ преграда гарантира дека багажникот е секогаш уреден. Во ENYAQ, класичната гребалка за мраз на ŠKODA се наоѓа во внатрешноста на автомобилот - поточно во неговата задна врата.

Полнење: ŠKODA нуди неколку верзии на ѕидната кутија ŠKODA за полнење дома. Користејќи го кабелот за брзо полнење, сопствениците можат да го полнат својот ŠKODA ENYAQ и на сите станици за брзо полнење, како и на најбрзите DC полначи во државата кои се наоѓаат во Порше Македонија.

ПР објава