Македонските навивачи ги шокираа Малтежаните
Македонските навивачи бурно ја прославија победата на Македонија против Малта, на синоќешниот фудбалски натпревар кој се одигра на „Та Али“,во Ла Валета. На стадионот беше присутен и Мирослав Попоски, еден од најредовните и најверните навивачи на македонските репрезентативци во секој спорт.
- Успеавме да се организираме и заедно да ги поддржиме нашите фудбалери во голема бројка. Повеќе од 500 љубители на фудбалот пристигнаа од Македонија. Пред натпреварот сите се собравме во фан зоната. Потоа пешки тргнавме кон стадионот. Малтежаните едноставно делуваа незаинтересирано за фудбалот. Но, од друга страна беа шокирани од нашата страст и навивање и секако желба за победа, како на улиците така и на стадионот – открива Попоски.
Во Малта живеат голем број Македонци. Дел од нив им се придружиле и на стадионот заедно да навиваат.
-Бевме во ресторанот Гоурмет, чиј сопственик е македонец. Атмосферата беше прекрасна. Доброто расположение се префрли и на трибините. Цело време навиваме. Едноставно ја „занемевме“малтешката публика – вели Попоски.
На стадионот доминираа македонските фанови чија бројка беше од 1000 до 1500., а останатите се наши иселеници кои живеат во Малта.
Македонската фудбалска репрезентација ја победи Малта со 2-0 и се врати во трката за место на Еуро 2024.Првиот гол го даде Елиф Елмас после само пет минути игра , а вториот Јован Манев на четири минути пред полувремето.
С.А.Н