Максимизирајте го вашето студентско искуство: Студентскиот пакет на Халкбанк нуди бројни бенефиции

Стекнувањето високо образование најчесто може да претставува значителен финансиски товар... Затоа, секоја можна бенефиција за идните академски граѓани, треба да се препознае и искористи со цел да се добие позитивно влијание врз овој нивен образовен пат.

Како банка што постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк го креираше специјалниот студентски пакет на производинаречен „За чиста10-ка“, овојпат наменет за студенти. Станува збор за специјален пакет услуги што нуди низа поволности, со цел да им овозможи блескава иднина на сите сегашни и идни студенти.Производот е наменет за млади на возраст од 18 до 24 години, а секој студент може да аплицира онлајн или во најблиската филијала на банката. Сè што е потребно е да се поседува важечки индекс и лична карта.

Со студентскиот пакет За чиста 10-ка“, секој студент добива VisaPayWave дебитна картичка со која што може да повлекува  готовина без надомест од сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Валидноста на картичката изнесува три години со можност за реиздавање.Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација, а нема трошоци ни за водењетрансакциска сметка.Со станување корисник на електронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите SmartSendза лесно префрлањесредства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCashза повлекување готовина од банкомат на Халкбанк без употреба на картичка, како и HalkPayза лесно и безбедно плаќање со паметен телефон преку дигитализација на платежните картички.

Покрај тоа, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат паметен часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќање GarminPay, со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќање со паметен часовник преку дигитализација на платежните картички од брендовите Visa и Mastercard.

Информации за банката

Халкбанк, чие основно мото е „Важни се луѓето“е препознатлива на пазарот како општествено одговорна компанија посветена кон зголемување на општото добро, за луѓето и природата. Поддршката на низа културни и спортски активности, едукација на децата од училишна и предучилишна возраст, подигнување на свеста  и поддршката за инклузија на лицата со попреченост во секојдневниот живот се на листата на приоритети на Банката. Политиката на банката - да одговара на потребите на клиентите, да биде предводник во дигитализацијата и воведувањето иновативни производи во духот на денешното модерно време, како и перманентната грижа за заедницата и животната средина ја прави Халкбанк вистински партнер на иднината.

ПР објава