Овој човек знае како и тоа надобро го работи!!!
Најбогатиот на светот, Џеф Безос, шефот на Амазон има нов приход од 3 милијарди долари откако продал акции во толкава вредност. Хина пренесува дека информацијата ја потврдила американската Комисија за хартии од вредност.
Оваа инаку кризна година, според официјалните податоци, Безос заработил 10 милијарди долари од продажба на акции на Амазон. Компанијата Амазон е основана во 1994 година, а Безос сè уште е најголемиот акционер.
Официјалните податоци за богатството во светот покажуваат дека Безос вреди над 190 милијарди долари. Тоа значи дека тој е најбогатиот човек во светот според Форбс и Блумберг.
Вредноста на Амазон се проценува на 1,6 трилиони долари и е зголемена за над 75 проценти од почетокот на годината.