Маж (42) ограбил банка и станал „херој на нацијата“: „Ќе го направам пак тоа, имам гранати...“
Му реков на шефот на банката: „Ако не можам да си ги добијам парите, тогаш ќе дојдам и ќе ти ја запалам филијалата. Откако со разговор не постигнав ништо, се вратив со гориво, изјави Хусеин.
Пред десет дена, 42-годишниот Либанец Басам ал Шеик Хусеин влегол во банка во Бејрут со канистер со гориво и оружје. Тој ги направи заложници вработените во банката, како и други клиенти кои биле внатре. И стана народен херој.
- Бев во огромни долгови. Ми требаа пари и за лекување на татко ми. И не ми дозволија да пристапам до моите заштеди. Затоа и го направив тоа – изјави Хусеин за Vice.
Според сопствените тврдења, тој има околу 200.000 долари во Федералната банка до кои не можел никако да пристапи.
- Му реков на шефот на банката: „Ако не можам да ги добијам парите, тогаш ќе дојдам и ќе ви ја запалам канцеларијата. Откако со разговор не успеав, се вратив со гориво - вели тој.
На заложниците им рекол дека нема да им наштети, а целиот „грабеж“ завршил по пет часа преговори со управата на банката и полицијата. Банката се согласи да му плати на Хусеин околу 35.000 долари и му вети дека ќе може да подигне 400 долари дневно. Поради своите постапки тој заврши во петдневен притвор, но обвиненијата подоцна беа отфрлени.
- Чувствував неверојатна, божествена сила во тие моменти. Имаше толку многу гнев во мене. Бев подготвен да пролеам крв - вели тој.
Многу сонародници сега го слават како херој. Некои од нив за време на заложништвото беа пред канцеларијата и „навиваа“ за Хусеин. Како што минуваше времето, се собраа неколку стотици луѓе.
- Негови пари се. Тие се ограбувачите во оваа приказна. Очигледно тоа беше единствениот начин – изјавија за медиумите.
На социјалните мрежи се појавија и снимки од настанот.
Но, банката, вели Хусеин, не го исполнил своето ветување и тој не може да го подигне договорениот дневен лимит од 400 долари. Затоа тој најави нов напад на една од филијалите на Федералната банка.
- Тие се лажговци. Ми ветуваа секакви работи, само да го спуштам оружјето. Но, тие не го исполнија договорот. Ќе се вратам во банка за моите пари. Можеби овој пат ќе дојдам со гранати. Можеби ќе дојдам во истата филијала, а можеби и ќе изберам друга - вели Хусеин. Vice додава дека, иако банката го повлекла обвинението и случајот бил отфрлен, постои можност поради првиот „грабеж“, Хусеин сепак да заврши на суд ...
извор:24sata