Мажи vs. жени: Земи усисај
Љубов, заеднички живот, навики, домашни лудории на двајца кои се сакаат. Што имаат на ова да кажат Ана Бунтеска и Божидар Божиновски ака Моџо Килингтон...
Ана Бунтеска
Ах, љууууууууууууууууууубов-како што велеше Билјарката од Бушава Азбука. Љубовта е преубава работа, особено онаа возбуда на почетокот-вљубеноста, идеализирањето, па компромиси, еднорози и виножита, розева шеќерна волна, слика во глава како фатени за раце трчате по полиња полни со цвеќе и БАААААААМ! Добар ден и добредојдовте во реалноста. Изминала вљубеноста и на ред е љубовта со малку поголемо рацио. Времето си поминува и еден ден одлучувате или да се разделите или да почнете да живеете заедно, сеедно дали ќе биде тоа со удрен печат на пусулче или како дечко и девојка.
Е сега, во моментот кога паѓа таа одлука за заеднички живот, ретко кој седнува да се договори за суштински прашања околу живеачката, оти екстра лесно е кога секој си е кај мама и тато или во своето гнездо, па треба само спремање за луда журка/романтична вечера и потоа пак секој во својата дома. Интересно е дека веднаш штом се започнува со барање стан или ако веќе едниот се решава да се всели кај другиот, повеќе се обрнува внимание на тоа како ќе се уреди или преуреди просторот. Ок, разбирам и еуфорија и ентузијазам, но она на што најмалку се посветува внимание излегува после како најголем проблем во врската/бракот.
“Па добро бе, бива ли сите чорапи распар да ти се и да ги наоѓам насекаде низ куќава?”
“Пак на ракавите од кошулата имав набори и морав да го носам сакото на мене цел ден. Умрев од жешко...мајка ми ги пеглаше поубаво”
“Садовите се ставаат мо машина за перење ако веќе не сакаш да го замиеш она во што си јадел”
“Спушти го капакооооооот”
“Не пеглам, тоа е женска работа”
“Остај сијалицата, машка работа е тоа хехехе”
“Ќе чистиш, а? Епа јас да се видам со другарите дур усисуваш”
Па, вака сега да се објасниме...ако сакам дете по кое ќе трчам или ќе си родам ште едно (оти ова е големо и знае се’ сама), или ќе си посвојам. Сакам рамноправен партнер кој ќе знае дека не е моја должност да му ги спарувам чорапите или да ги ловам на сите страни за да ги пикнам во машина. Машината има упатство кое ако треба и ќе стои на видно место, оти треба и двајцата да знаеме како се користи и кои програми ги има. Не ми е тешко да ти испеглам кошула, ама на начин на кој знам да пеглам. Ако не ти се допаѓа, бујрум кај мама да те научи како сам да ги испеглаш до перфекција....тогаш ќе можеш и некои мои ствари да запеглаш. Не си гостин во куќава за да ми “помагаш” и не, не си ја завршил работата ако садовите ги преместиш од трпезарија до кујна. За капакот од шољата имам дилема, оти сме пола-пола. Не ми пречи да го спуштам наместо тебе, оти и ти го креваш после мене. Ама ми пречи ако на сите страни има докази дека си бил во тоалетот! Сијалиците не се машка работа, оти ден денес јас ги менувам и не ми е ни тешко, ниту пак се осеќам дека сум обесправена со тоа.
Нема бегање кога се чисти и точка. Ова е заеднички дом, а не хотел во кој ти си гостин а јас собарка (не, сега не е време да ти се вртат слики во глава за француски собарки). И мене ми се шета со другарките, па ако и двајцата се спрегнеме, ќе завршиме поскоро и секој ќе има време ем да се види со своите пријатели, ем да ја испланираме и вечерта.
Затоа бејби...фати усисивачот и не мрчи!
Moџо Килингтон
Да ги поминеме хехенцата „Да беше машка работа ќе се викаше генерал, а не генералка“ и „Прво таа чисти, а јас излегувам па после јас излегувам, а таа чисти“. Поминаа? Добро. Сега да одиме на главното, заеднички живот. Нормално дека ја ништи романтиката, не живееме во црква секој ден свеќи да палиме за вечера или 24 часа да сме фатени за рака. Освен ако како по филмовите не земете да фарбате заедно па слатко се мачкате со боја на носот која е токсична. Подоцна идат моментите кога ќе сакаш да ја испиеш таа боја ама отом потом.
Колку шо сфатив ова е за машки и женски работи низ дома и жалењето на жените од истите. Некогаш ни треба да сфатиме повеќе време пошто ни слушаме, а ни читаме темелно. Извини.
Врските, бракот, заедничкиот живот не е 50-50. Не е денес направив јас, сега ти направи го истото. Има денови, месеци, години кога жената се дава повеќе за гнездото, има исто така времиња кога мажот прави што треба да го прави. Не е страшно после петти пат ко ќе научиш машина да не мешаш шарени со бели да пуштиш, нити да зготвиш нешто под услов да не ја отруеш поубавата половина. Или ако ја отруеш барем да не е тешко труење што бара подолга нега пошто можи да има прашина шо ние мажите и не ја гледаме. А не ни сметаат и чиниите ако не се измиени баш истиот ден, искрено. Затоа имаме повеќе од две. Ќе ги измиеме утре сега да преживееме шо имам зготвено е приоритет.
Малку кратко ова треба да одам да дочистам дур е евтината, а имам и машина за пуштање.