Михаил Горбачов почина збунет и шокиран од конфликтот во Украина, посебно потезите на Путин, вели неговиот преведувач

Михаил Горбачов, последниот советски лидер, беше шокиран и збунет од конфликтот во Украина во месеците пред да почине, а во последните години уништен од влошените врски на Москва со Киев, рече неговиот преведувач во четвртокот.

Павел Палажченко, кој работеше со покојниот советски претседател 37 години и беше покрај него на бројни американско-советски самити, разговарал со Горбачов по телефон пред неколку недели, истакнувајќи дека тој и другите биле изненадени од тоа колку Горбачов бил трауматизиран од настаните во Украина.

„Не само (специјалната воена) операција што започна на 24 февруари, туку и целата еволуција на односите меѓу Русија и Украина во изминатите години беа навистина, навистина голем удар за него. Тоа навистина го здроби емоционално и психички, посбно потзит на Путин“, рече Палазченко во интервју за Ројтерс.

„Во разговорите со него ни беше многу јасно дека тој е шокиран и збунет од она што се случува (откако руските војници влегоа во Украина во февруари) од различни причини. Тој веруваше не само во блискоста на рускиот и украинскиот народ, туку дека овие два народа се испреплетени“, додаде тој.

Претседателот Владимир Путин ја нарекува војната од целосен обем, која започна со руската инвазија на 24 февруари, „специјална воена операција“.

Седумдесет и тригодишниот Палажченко, кој работи во Фондацијата Горбачов, го видел Горбачов во последните неколку месеци од неговиот живот и е во контакт со неговата ќерка Ирина.

Позицијата на Горбачов за Украина беше сложена и контрадикторна, вели Палажченко, бидејќи покојниот политичар сè уште веруваше во идејата за Советскиот Сојуз.


Фото: Youtube - screenshoot