Милевски: Македонија се прашува за победа, Грузија е квалитетна

Македонската репрезентација утре ја пречекува Грузија, Лига на нации, натпревар на две непоразени селекции.

Селекторот Благоја Милевски со комплименти говори за Грузија, ама за резултатот се прашува и Македонија.

„Ја гледав средбата на Грузија со Бугарија, анализирани се добро, квалитетни се но за резултатот се прашува и Македонија. Посакувам исполнет стадион и тоа би бил дополнителен стимул за нас да ја почувствуваме домашната публика. Поддршката е потребна“ - рече Милевски.