Милевски: Не сме комплетни, Адеми не калкулира, категорично го тврдам тоа

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција даде објаснување во врска со повиканите фудбалери за натпреварите на најдобрата наша селекција против Финска (17. ноември, 18:00 часот) и Азербејџан (20. ноември, 14:00 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:

За жал повторно не сме комплетни и се навикнавме веќе 14 месеци поради различни причини да не можеме да ги собереме најдобрите во еден момент. Адеми, пак не е со нас, на последниот меч за Динамо заработи повреда на задната ложа. Категоричен сум дека Адеми не калкулира. Во постојана комуникација сум со него. Јас му дадов дозвола да направи пауза од репрезентацијата и да го одмори телото. Дечкото беше крајно искрен и му беше потребен одмор.Чурлинов, Костадинов и Илиев се враќаат полека од повредите, но ги немаме за овие натпревари. Велковски е на список и ќе биде со нас, но 14 дена работи само индивидуални тренинзи. Доста подобра е формата на фудбалерите во однос на септември, пред сѐ тие што се носители, тука мислам на Барди, Елиф, Алиоски...дополнително тие што не беа на септемврискиот собир полека влегуваат во натпреварувачка форма како Давид Бабунски и Бобан Николов. Кире Ристевски имаше период на аклиматизација и сега е на задоволително ниво. Се надевам после викендов после клупските натпревари сите фудбалери ќе останат здрави“.

„На овие натпревари, очекувам подобрување во однос на дуелите во Лигата на нации. Сепак, ова се истите момци кои даваа по три, па и пет гола по натпревар. Можеби лошата форма и проблемите со ненаоѓање на тимови беа пресудни и се надевам дека тоа е веќе зад нас. Финска е одлична репрезентација, сериозен тим со кој ќе биде тешко. Исто така, Азербејџан е во голем подем. Овие натпреварите ќе ни послужат за нашиот правец и насока за иднината“.