Милевски утре ќе го објави составот, следуваат дуели со Финска и Азербејџан во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра два пријателски меча во Скопје, против Финска (17.10) и Азербејџан (20.10).

Селекторот Благоја Милевски утре на прес-конференција ќе ги соопшти имињата на играчите со кои ќе го тестира актуелниот капацитет на националниот тим.

Македонија неодамна со играчи од домашното првенство одигра пријателска средба со Саудиска Арабија, сега следуваат две во Скопје.