Милијардерот Чарли Мангер го открива својот пат до успехот

Минатата година, богатството на овој човек беше проценето на 1.7 милијарди долари..

Сите оние кои не се задоволни со својот живот, инспирација бараат во богатите луѓе и милијардерите на кои се восхитуваат и ги гледаат како идоли. На овој свет постојат многу личности кои успеале да направат огромни богатства, но постојат и неколку од оние најбогатите кои имаат по милијарда долари и кои буквално не нзаат што да прават со нив.

Еден од таквите луѓе е и Чарли Мангер, потпретседателот на компанијата „Berkshire Hathaway“, кој има богатство од над 1.7 милијарди долари. Овој човек моментално има 95 години и вели дека е задоволен со својот долг и среќен живот во кој успеа да направи огромни количини на пари.

Поради тоа, многу луѓе се прашуваат кој е неговиот пат до успехот и од него бараат совети за тоа како и тие да постигнат барем делумни резултати.

Мангер не е човек кој открива многу за својата работна политика, но тој неодамна откри две работи, кои ги смета за најважни за создавање на богатство и успешен бизнис.

„Постојат две работи кои ги научив во мојот долг живот што никогаш не ги правам и кои ме водат кон успехот. Првата работа е никогаш да не се жалите за себе. Ако вашето дете умира од рак, не жалете за себе. Другата важна работа е зависта. Не смеете да им бидете њубоморни на другите, туку треба да внимавате само на себеси. Ова е најлошиот смртен грев, што ќе ве спречи да бидете успешни“ – изјави Мангер кој смета дека овие две работи се најодговорни за неговиот успех во животот.