Милионер на својата ќерка ѝ го подари најдобриот свадбен подарок за кој сте слушнале досега: Еве што направил за бездомниците (ВИДЕО)

Индискиот бизнисмен Ајај Мунот потрошил неверојатни 11 милиони долари за венчавката на својата ќерка, а огромен дел од тие пари потрошил на неверојатен свадбен подарок.

Имено, со согласност на младенците, Мунот одлучил подарокот да биде од хуманитарен карактер, па одлучено е парите, освен за прославата, да се потрошат и за изградба на 90 куќи кои биле донирани на најсиромашните семејства кои се без покрив над главата.

Покрај довчерашните бездомници, нов дом за почеток на бракот добија и младенците, а овој гест го пренесоа сите индиски и светски медиуми.


Мунот тргува со жито, но и облека, а очигледно сфатил дека со своето богатство може да усреќи многу повеќе луѓе и семејства од своето.

Младенците ја имале честа да им ги предадат клучевите од новите домови на среќните добитници, а ќерката била воодушевена од гестот на нејзиниот татко.

„Ова беше најдобриот свадбен подарок досега“, изјави таа.

Ајај Мунот ја објасни својата постапка.

„Ова е ново поглавје во историјата и се надевам дека овој пример ќе го следат и другите богати луѓе. Имаме одговорност кон општеството на кое припаѓаме и ќе се потрудиме да исполниме се што е во наша моќ за да ја подобриме положбата на обичниот човек“, накратко изјави тој.