Мистериозната болест во Индија: Горат очите од температура

Официјални лица во Индија ја испитуваат причината за неидентификувана болест поради која повеќе од 140 лица беа хоспитализирани за време на викендот.

Пациентите, од Елуру во Андра Прадеш, имале широк спектар на симптоми од гадење до напади и несвестица, велат лекарите, пренесува Би-Би-Си, наведувајќи дека многу од хоспитализираните заздравиле и биле брзо ослободени.

Локалните медиуми велат дека пациентите направиле тестови за коронавирусот, но сите биле негативни.

Медицински службеник во Државната болница Елуру за Индијан експрес изјави: "Луѓето кои се разболеа, особено децата, одеднаш почнаа да повраќаат откако се пожалија дека очите им горат од температура. Некои од нив се онесвестија или претрпеа напади".

Фото: DIVYAKANT SOLANKI / EPA

Извор: Блиц