Младенците ги почестиле гостите со раскошна трпеза: Кога им признале што всушност послужиле, им се превртел стомакот

Британскиот пар Кајли и Џои Тилстон им приреди одличен свадбен ручек на своите гости. Поканија дури 280 луѓе пред кои беше поставена раскошна трпеза со сите можни видови храна.

На масата имаше позлатени платика, печено говедско месо, свинско ребра, пилешко, но и цела палета на вегетаријански, вегански и безглутенски специјалитети. Она што гостите веднаш не го знаеле е дека целата таа храна е подготвена од вишок храна што инаку би завршила во ѓубре.

Имено, младенците за време на ручекот на гостите им го откриле потеклото на храната, што предизвикало гласни воздишки. Но, откако закрепнале од првичниот шок, многу гости коментирале дека тоа е всушност неверојатно, откри 34-годишната г-ѓа Тилстон.

Како што рекла, таа и нејзиниот сопруг се обидуваат да избегнуваат да фрлаат храна секогаш кога можат, што ги мотивирало да организираат необична свадба, пренесува Јутарњи лист.

- Оваа идеја всушност ги спои нашите принципи со здраворазумната логика. Просечниот свадбен ручек може да чини до 25 фунти по лице, а ние плативме пет пати помалку од тоа. Кога треба да нахраните речиси 300 луѓе, има смисла – рекла невестата.

За угостителството беше задолжена организацијата „The Real Junk Food Project“, која е задолжена за неколку кафулиња кои продаваат „фрлена храна“ и каде гостите плаќаат онолку колку што мислат дека е праведно. За оваа свадба подготвија оброци од 250 килограми храна која инаку би завршила во ѓубре.

Секако, храната не се служеше како куп отпад, туку од неа се правеа некои нови „главни“ јадења. За нештата да бидат подобри, украсите на свадбата се направени со помош на вишок цвеќиња донирани од еден цвеќар. Згора на тоа, невестата по венчавката планира да го редизајнира својот венчален фустан за нова намена.

извор:beograd.in