Интересно, чудно, ново. За љубителите на добар пијалок се направи нешто мошне интересно од Американската пиварница „ Догфиш Хед“.
Здружувајќи се со безбедносната компанија „Мејс Секјурити Интернејшнал“ го создадоа брендот „ In Your Mace“, чија кованица е игра на зборови од фразата ( In your face).
„ In Your Mace „ е пиво со вкус на солзавец, главната состојка му е бибер-спреј.
Во продажба ќе бидат пуштени само 200 шишиња, а ќе може да се проба и точено но само во пиварницата Делавер каде што и ќе се произведува.
– Од ова пиво навистина ќе Ви отрпне устата. Веројатно никој досега ни во сон не помислил дека солзавецот може да даде добар вкус на пиво, изјави еден од вработените во пиварницата.