Мултимилијардерите ја окупираа Хрватска: Роман Абрамович со јахтата вредна 500 милони долари пристигна во Дубровник

За него, исто како и за кралот на Инстаграм Дан Билзариен, Хрватска е дестинацијата која би го задоволила неговиот луксузен вкус.

Рускиот милијардер, сопственикот на фудбалскиот клуб Челси- Роман Абрамович пристигна на одмор во Дубровник, а фотографите успејаа да го фотнат кога доплови со бродот во тамошното пристаниште.

Дојден е со својата луксузна јахта „Eclipse“ која вреди скоро половина милијарда евра.

Не му е прв пат да дојде во овој град, ама познат е по забавите кои ги прави навечер во неговата јахта.